Емисијата „Ел Чирингито“ објави дека Реал Мадрид во првите 24 часа продал дресови од Килијан Мбапе во вредност од речиси 1 милион евра, дресот на Французинот се продава за 450% повеќе во однос на оној од Џуд Белингем минатото лето.
„Кралевите“ оваа недела почнаа да го продаваат дресот на Килијан Мбапе со бројот 9 и предизвикаа лудило помеѓу навивачите.
Вообичаеното време на испорака од 3 работни дена, се претвори во 4 до 6 недели поради големата побарувачка.
Во емисијата „Ел Чирингито“ сега е објавено дека Реал Мадрид во првите 24 часа продал дресови во вредност од речиси 1 милион евра.
Дресови во вредност од над 100.000 евра биле продадено во продавниците на клубот низ Мадрид, даодека пак нешто над 800.000 евра била вредноста на продажбата преку он-лајн продавницата.
За споредба со минатото лето, дресот на Килијан Мбапе се продава за 450% повеќе во однос на оној на Џуд Белингем, кој беше „галактико“ засилувње пред 12 месеци.
LOCURA TOTAL con la CAMISETA de MBAPPÉ.
Las CIFRAS en solo un día son BESTIALES.
Información #JUGONES pic.twitter.com/jMJYVdEpQv
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) July 12, 2024
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.