Се чини дека
последниот ден од летниот преоден трансфер период ќе донесе неколку
изненадувања, а притоа и звучни трансфери.
Едно од тие е
секако суперталентираниот напаѓач на Монако, Килијан Мбапе, кој треба да се
пресели во Париз како позајмен фудбалер за да се испочитува финансискиот фер
плеј, за ПСЖ да не биде казнет, а потоа трансферот треба да се комплетира за
цели 180 милиони евра.
Мбапе несомнено
ќе биде огромно засилување за ПСЖ, а францускиот вицепрвак во офанзивата би
имал убиствено трио за сите противници, покрај Мбапе, тука се уште и Кавани и
Нејмар, па останува да видиме во претстојната нова сезона од Лигата на
шампионите, дали ова е тимот кој е подготвен да го крене трофејот од елитното
европско клупско натпреварување оваа сезона.