Мбапе капитенски: Мотивацискиот говор кој ја мотивира Франција да направи пресврт (ВИДЕО)

by 24 фудбал
2 минути читање

Фудбалерите на Франција го свртеа четвртфиналниот двомеч против Хрватска во мартовскиот циклус и се пласираа на завршниот турнир во Лигата на нациите.

„Триколорите“ се вратија од негативата која ја имаа по мечот во Сплит, а дел од мотивацијата дојде од капитенот Килиан Мбапе. Напаѓачот утрото пред натпреварот имаше мотивациски говор при анализата на мечот.

Ова е вистинска ноќ за да победиме. Видовме што можеме да направиме на првиот меч во Сплит, а сега сме дома. Мора да дадеме максимум, ова е вистинската ноќ. Знаеме која е прцата цел на нашата екипа – да бидеме светски шапиони. Сепак, постои пат кој се минува дотаму. Потребен ни е посебен перформанс на тој пат. Дури и ако не успееме, мора да ги натераме ако победат тоа да биде ползејќи. Треба да ги натераме да имаат ужасна ноќ. Имаме млада екипа, свежи играчи и останатите мора да поведеме. Се доведовме во лоша позиција, ама мислам дека во вакви ср*ња сме добри. По мое мислење, имаме се што е потребно да им дадеме три гола“, кажа Мбапе.

Говорот на Французинот пред своите соиграчи:

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани