Мбапе ја „скрши“ Осасуна, „Бернабеу“ го поздрави и аргентинкиот супер-талент (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид многу потешко од очекуваното, но сепак успеа да дојде до победа над Осасуна во првото коло од Ла Лига.

Доминираа избраниците на Чаби Алонсо во најголем дел од натпеварот и се редеа шанси пред голот на гостите, но во првиот дел мрежите мируваа.

Одлучувачкиот момент се случи во 51. минута кога „кралевите“ добија пенал кој во гол го претвори Французинот Килијан Мбапе.

За издвојување од вечерашниот натпевар е и дебито на Франко Мастантуоно, аргентинскиот талент кој притигна од Ривер и влезе во игра во 68-та минута на местото на Брахим Дијаз.

Во следното коло Реал Мадрид го очекува гостување кај новито прволигаш Реал Овиедо, додека Осасуна ја пречекува Валенсија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×