Франција се извлече, победи иако Перу имаше сериозни шанси за гол, не заслужи да загуби, но не успеа да го најде патот до мрежата на Лорис.
Натпреварот почна отворено уште од самиот старт, и двете репрезентации имаа шанси за гол. Перу се закани преку Куева и Гереро, а Франција имаше можности преки Гризман, и Жиру.
Првиот погодок стигна во 34. минута кога Килијан Мбапе погоди и стана најмладиот фудбалер кој погодил за Франција на Светско првенство.
Како одминуваше времето Перу се повеќе се трудеше да дојде до изедначување, во 50. минута Санчез ја погоди стативата од голот Франција.
До крајот Перуанците имаа уште неколку обиди, но не ги искористија и можат да жалат, покажаа дека се квалитетна репрезентација, но не победија и во последното коло против Австралија ќе играат само за престиж.
Франција ја оствари првичната цел и тоа на меч пред крајот на групната фаза, обезбеди пласман во осминафиналето.
Во последното коло Франција игра против Данска, а Перу против Австралија.