Мбапе искрен по поразот: Немам објаснување, ова боли…

by Стефан
1 минути читање

Францускиот голгетер, Килијанн Мбапе беше искрен и ја критикуваше играта на својот тим по вчерашниот пораз од Бенфика со 4-2.

Реал Мадрид поради поразот не обезбеди директно место во осминафиналето од Лигата на шампионите и ќе мора да игра во плеј-офот.

„Немам објаснување за лошата игра, немаме континуитет во играта и тоа е еден проблем за кој мораме да најдеме решение. Не можеме еден ден да сме добри потоа лоши. Сигурно дека малку боли затоа што сакавме да имаме повеќе време за одмор, но и ја заслужуваме позицијата во која се најдовме.

Ни фалат повеќе работи по малку, не би кажал  дека проблем е само ставот или фудалот. Проблемот е општ, а кога сте во ЛШ секој детал е вважени. Но, уштте не сме елиминирани и сме во вистнската насока во Ла Лига, ако ја имаме поддршката може да прикажме одлична игра веќе во следниот натпревар“, изјави Мбапе.

Ќе потсетиме, Реал зад себе има еден лош период во кој беше поразен од Барселона во Суперкупот, а доживеа и елиминација од Копа дел Реј од второлигашот Албасете.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×