70
Францускиот напаѓач, Килијан Мбапе одговори на критиките кои ги доби од фановите на Реал Мадрид за игрите во последно време.
Тој вели дека во минатото како играчи на Реал Мадрид критики добивале и големци како Ди Стефано и Роналдо, па не гледа зошто тој би бил исклучок.
„Навивачите на Реал Мадрид го гледаат клубот како религија. Треба да знаеш како да се справиш со критиките. Им се случи на Роналдо, на Ди Стефано… не гледам зошто јас би бил исклучок. Треба да останете смирен, да се концентрирате и да напредувате“, рече Мбапе.