Мбапе и Родриго му донесоа победа на Реал и го спасија Алонсо од отказ! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид се врати на победнички пат и излезе како победник од гостувањето кај Алавес, откако во рамки на 16 коло од Ла Лига славеше со 1-2 и стави крај на серијата од два порази.

Дуелот на „Мендизороца“ донесе неизвесност и динамика, а првиот удар го зададоа гостите. Во 24 минута Килиан Мбапе го отвори резултатот (0-1). Алавес се обиде да одговори до паузата, но без конкретен ефект.

Домашните стигнаа до израмнување во вториот дел, кога Карлос Висенте во 68 минута ја затресе мрежата за 1-1. Славјето на Алавес траеше кратко и само девет минути подоцна Родриго реализираше за 1-2 по додавање од Винисиус за нова предност на мадридскиот тим.

Реал успеа да ја сочува минималната разлика до крајот и да стигне до дванаесеттата победа сезонава, со што останува на четири бода зад лидерот Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×