Mбапе го одбил Манчестер јунајтед, причината е Мурињо

by
0 минути читање

Тинејџерот има одлична сезона па го привлече вниманието на најголемите клубови од Европа, како Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити и Арсенал.

Според пишувањата на Лекип понуда на адреса на Килијан Мбапе пристигнала од „Црвените Ѓаволи“.

Сепак, младиот Французин го одбил најтрофејниот клуб од Англија.

Причина е менаџерот Жозе Мурињо, се говори дека на Килијан Мбапе не му се допаѓа стилот на „Специјалниот“ кој е премногу дефанзивен, играчот преферира поофанзивна игра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани