Според
информациите кои пристигнуваат, се вели дека Манчестер Сити има фантастичен
буџет од цели 300 милиони евра за претстојниот трансфер период. Шпанскиот стратег
Пеп Гвардиола наводно ги убедил челниците на клубот да му дадат полна доверба
за засилувања во тимот, но еден од неговите приоритети на трансфер пазарот веќе
го одби.
18 годишниот
напаѓач на Монако, еден од најбараните фудбалери во моментов, Килијан Мбапе
наводно решително му порачал на англискиот премиерлигаш дека не може да го
ангажира.
Шпанските медиуми
велат дека одбивањето на Мбапе да игра за Манчестер Сити има една јасна цел,
неговиот сон е да игра на „Сантијаго Бернабеу“ за Реал Мадрид, од друга страна
во изјава за француските медиуми Мбапе вели дека поради Зинедин Зидан сонувал
да биде фудбалер, па уште толку ги подгреа шпекулациите дека следи трансфер во
Мадрид.