Мбапе го „брка“ Винициус од Реал Мадрид?

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид би можел да остане без еден од своите најважни играчи Винисиус Жуниор, кој наводно не е задоволен со условите за нов договор и сериозно размислува за промена на средина.

Бразилецот кој израсна во главен адут на „кралевите“ во изминатите сезони сака зголемување на платата и бара да добива повеќе од Килиан Мбапе, кој со 30 милиони евра годишно моментално е најплатениот фудбалер на тимот. Реал му понудил 20 милиони, што за Винисиус е недоволно и причина за разочараност. Дополнителен проблем е и односот меѓу двајцата напаѓачи. Шпанските медиуми пишуваат дека Винисиус и Мбапе не се во најдобри односи, па ситуацијата почнува да станува напната и во соблекувалната.

Кралскиот клуб не сака да се откаже од своето крило без значителна отштета, но проблемите околу платата засега го кочат продолжувањето на соработката.

Во меѓувреме, богати клубови од Саудиска Арабија ја следат ситуацијата и се подготвени да понудат сума која тешко се одбива. Не се исклучува можноста Винисиус да направи неочекуван трансфер, што би ја променило целата стратегија на Реал Мадрид за следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×