Како што пренесува Л’Екип, извршител тропнал на вратите на ПСЖ и доставил налог за наплата на речиси 6 милиони евра.
Љубовта помеѓу Килијан Мбапе и ПСЖ заврши кога стана јасно дека напаѓачот беспари ќе го напушти Париз и ќе се пресели во Реал Мадрид.
„Светците“ му ја стопираа платата и бонусите, па двете страни завршија на суд, и по серија правни надмудрувања, Французинот го доби спорт.
ПСЖ на Килијан Мбапе треба да му исплати околу 60.9 милиони евра, односно 55 милиони за неисплатени плати и бонуси, како и околу 5,9 милиони евра за неисплатен одмор и камати.
На сметката на фудбалерот на Реал Мадрид легнале само 55 милиони евра, па денеска извршител тропнал на вратите на клубот од „Паркот на принцовите“.
Како што пренесува Л’Екип, извршителот доставил налог за наплата на речи 6 милиони евра, рокот е 8 дена, и доколку не биде постапено по барањето, овие средства ќе бидат присилно одземени од сметката.