Кристијано Роналдо во 2013 година постави рекорд со 59 погодоци во една календарска година во Реал Мадрид и тоа изгледаше како бројка која е тешко достижна, сепак сега се појави Килијан Мбапе.
Со двата гола во вчерашната победа на Реал Мадрид над Атлетик Билбао, Мбапе стигна до 55 погодоци оваа година и веќе е на четвртата позиција на клупската листа. Првите три места и натаму му припаѓаат на Роналдо со 56, 58 и 59 голови.
Ако се земе предвид темпото со кое Французинот ги тресе мрежите, како и фактот дека до крајот на годината ќе одигра уште пет натпревари, јасно е дека има голема шанса да постави нов клупски рекорд.
До крајот на 2025 Мадрид ќе се сретне со Селта, Алавес и Севиља во Ла Лига, со Манчестер Сити во Лигата на шампионите, а еден натпревар е од Копа Дел Реј со противник кој ќе биде познат на 9-декември.