Мбапе брзо се опорави од повредата, може да биде и стартер против Лил!

by riste
1 минути читање

Килијан Мбапе отпатува со составот на Реал Мадрид на гостувањето кај Лил во мечот од Лигата на шампионите кој на програмата е утре.

Првичните прогнози беа дека на Мбапе ќе му требаат три недели за да ја санира повредата и во игра ќе се врати по репрезентативната пауза.

Но, рехабилитацијата се одвиваше значително подобро од тоа и тој одлета со останатите фудбалери во Лил.

Некои медиуми во Шпанија прогнозираат дека тој дури може да биде и стартер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани