„Дејли Мејл“
објави дека Мејсон Маунт му се извинил на својот тренер во Челси, Френк Лампард
откако беше забележан како игра фудбал со своите пријатели во услови кога треба
да биде во самоизолација поради коронавирусот.
Како за
потсетување, младиот фудбалер на Челси беше забележан како игра фудбал со
Деклан Рајс од Вест Хем, како и од други пријатели, па тој негов потег наиде на
бурни реакции на Островот, ако најпрво се земе во предвид фактот што неговиот
соиграч Калум Хадсон-Одои беше позитивен на Ковид-19.

Од друга страна
пак, ѕвездата на Вест Хем, Деклан Рајс нема такви рестрикции како Маунт, иако
неговиот тренер пак, Дејвид Мојс е во самоизолација поради тоа што имаше
контакт со тренерот на Арсенал, Микел Артета, кој беше позитивен на
коронавирусот.
„Гардијан“ објави
дека Челси во недела ќе се врати на своите клупски обврски, односно ќе продолжи
со тренинзите, а во меѓувреме од клубот испратиле уште едно предупредување да
се почитуваат препораките, особено самоизолацијата, а што се однесува до
Премиерлигата, таа е суспендирана до 4 април, прашање е воопшто како би се
комплетирала актуелната сезона.