Заедно со Дениеле Ругани и Пауло Дибала, Блеис Мтуиди беше еден од заразените играчи на Јуве. Тој потполно се опорави, но вели дека не му било нималку лесно, особено психолошки.
„Искрено, тешко е. Кога видов на тестот дека сум позитивен, бев во шок. Попуштив психолошки“, вели Матуиди.
„Не можев да одам ниту до продавница, секогаш гледав луѓето да не бидат премногу блиску до мене, треба да бидете ментално силни. Потребно е време, ова е нова ситуација за сите нас“.
„Немав симптоми, но кога ги слушнав вестите дека сум позитивен, беше шокантно. Бев во тотална паника, се плашев за мојата фамилија и пријателите“.
„Беше тешко за нив. Ова не е добар период, сакаме да заврши колку што е можно побрзо“.
„Се прашувам што ќе се случи со фудбалот и секојдневниот живот“.