Maто херој, Вардар го победи Пелистер во Битола!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Вардар остварија важна победа во дербито против Пелистер во Битола со 1-3.

Пелистер прв дојде до водство со голот на Керим по десет минути игра кога погоди по една одлична акција на домаќините.

Водството на домашниот состав на траеше долго бидејќи Вардар преку Закариќ во 20-тата минута од пенал израмни на 1-1. Пеналот предизвика бурни реакции кај домашните фудбалери кои жестоко реагираа сметајќи дека се оштетени.

Со по еден гол на двете страни се замина и на паузата.

Во вториот дел Вардар беше поконкретен, а херој на црвените беше напаѓачот Мато кој постигна два гола во 75. и 82. минута за триумф на Вардар.

На табелата Вардар и по овие три бода ќе остане осми со 25, но сега зад Пелистер заостанува четири бода.

Преостанатите натпревари од ова 25. коло се играат во поенделник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани