Фудбалската репрезентација на Нигерија, и покрај настапот со комбиниран состав, без поголеми проблеми ја совлада Уганда со 3-1, во натпревар во кој во листата на стрелци се запиша и фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато.
Нигеријците од самиот почеток ја имаа контролата врз случувањата на теренот, а доминацијата ја крунисаа во 28. минута кога Онуачу го отвори резултатот и ѝ донесе водство на својата селекција.
Клучниот момент на средбата се случи во второто полувреме, кога голманот на Уганда, Мангола, направи голема глупост. Само десетина минути по влегувањето во игра, во 56. минута, тој заработи црвен картон, оставајќи ја својата репрезентација со играч помалку (ТУКА).
Играчката предност Нигерија брзо ја искористи, па во 62. и 67. минута постигна уште два гола и практично го реши прашањето за победникот. Почесниот погодок за Уганда го постигна Роџерс Мато во 75. минута,.
За напаѓачот на Вардар ова беше прв погодок на Африканскиот куп на нации, а воедно и негов седми гол во дресот на репрезентацијата на Уганда.
Mato scores for 10 man Ugandans…#TotalEnergiesAFCON2025 #AFCON2025 #AFCON #UGANDA#UGAvsNGA #UgandaDecides2026 pic.twitter.com/LBzOvRJrSz
— TheNaijaFootballConference (@TNFCNG) December 30, 2025
Во вториот натпревар од истата група, селекциите на Танзанија и Тунис одиграа нерешено 1-1.