Матиќ за Шаќири и Џака: Ако толку ја сакате, зошто не играте за Албанија?

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот српски репрезентативец Немања Матиќ во интервју за порталот „442“ се осврна на повеќе теми од својата кариера, а посебно внимание привлече неговиот коментар за Џердан Шаќири и Гранит Џака.

Искусниот фудбалер, кој сезонава настапува во дресот на Сасуoло, беше прашан за честите провокации од страна на швајцарските репрезентативци на натпреварите против Србија, кога победите и головите ги слават со симболот на двоглавиот орел.

Ги почитувам како фудбалери, играв против нив неколку пати во Премиер лигата. Но, со тие потези собираат ефтини политички бодови. Тие мислам дека пораснаа во Швајцарија? Со тие потези тие не покажуваат почит кон земјата за која играат. Ако толку ја сакате Албанија, зошто не играте за Албанија? Тоа е моето прашање. Може да сакате повеќе држави, тоа не е проблем. Јас ја сакам Србија, тоа е мојата земја. Ја сакам и Англија, таму поминав многу време. Но, никогаш нема да кажам дека ја сакам повеќе Англија отколку Србија. Морате да бидете искрени.

Играв против Џака многу пати и никогаш не сум имал проблеми. Секогаш сме се ракувале, тој е добар играч, исто како и Шаќири. Но, јас никогаш не би го направил тоа со цел да провоцирам. Јас секој го почитувам“, изјави Матиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×