Манчестер
јунајтед ја активираше опцијата да го продолжи договорот на Немања Матиќ на
дополнителни 12 месеци, опција која беше во договорот на српскиот
интернационалец, меѓутоа, тој би можел да остане во клубот и повеќе од тоа.
„Скај Спортс“
известува дека Манчестер јунајтед и Матиќ воедно водат преговори и за нов
договор на 31 годишниот фудбалер од средниот ред чиј актуелен договор инаку
истекуваше претстојново лето.
За Матиќ се
шпекулираше дека е на излезна врата од „Олд Трафорд“, така беше и пред стартот
на актуелната сезона, меѓутоа фактот што Србинот во голема мера му помогна на
тимот по отсуството на Пол Погба поради повреда, го принуди Оле Гунар Солшер да
го вметне во своите планови.