Шефот на
стручниот штаб на англискиот гигант Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо низ шега во
една прилика рече дека посакува Србија да испадне во раната фаза од Светското
првенство во Русија, за фудбалерот на неговиот тим, Немања Матиќ да се врати
свеж во предсезонските подготовки.
Србија доживеа
елиминација откако во групата „Е“ заврши на третото место, со два порази, од
Бразил и Швајцарија, а една победа против Костарика, со тоа желбата на
португалскиот стратег се оствари, но, српскиот репрезентативец Матиќ вели дека
посакувал да не се исполни таа желба на тренерот.
„Слушнав за таа
негова изјава дека посакувал да се вратам брзо, се обидов да не дојде до тоа.
Се обидов да се пласирам во елиминационата фаза, но, за жал ние сме елиминирани“
рече Матиќ.
„Нормално е за
него тоа што посакува фудбалерите да бидат свежи во предсезонските подготовки,
како што сите знаат, Премиерлигата е премногу тешка, имате многу натпревари,
потоа Лига на шампиони, два Купа… Разбирам, но, дадов се’ од себе за да не дојде до ова…“ додаде
Србинот кој отвори можност за повлекување од својата национална репрезентација
на 29 години.