541
Македонскиот млад фудбалер, Матео Кесиќ кој е член на Јединство УБ од Србија, замина на проба во Сасуоло со кој може да потпише договор.
Српските медиуми пишуваат дека Кесиќ не се појавил на подготовките со останатите фудбалери на Јединство затоа што е во Италија и има можност да потпише за Сасуоло.
Се верува дека Кесиќ во Сасуоло оди по препорака на Немања Матиќ кој е фудбалер на овој клуб, а има и раководна позиција во Јединство, па конекцијата е очигледна.
Кесиќ на почетокот од февруари ќе наполни 18 години, тој важи за еден од најголемите македонски таленти. Има настапи за селекциите на Македонија до 16 и до 17 години.