Матиќ: Нема опуштање иако победивме со 3-0, одиме на нова победа

by 24 фудбал
1 минути читање

Мислав Матиќ од Вардар го најави возвратниот натпревар против Ла Фиорита во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Српскиот дефанзивец нагласи дека нема простор за опуштање и вардарци ќе одат максимално фокусирано на реваншот.

Играме како да е 0-0, нема премногу опуштање. На секој натпревар одиме на победа, така и на овој, без разлика што на првата средба славевме со 3-0. Чекор по чекор, прво да ја завршиме оваа задача, па потоа ќе мислиме на друга. Одиме на победа, мислам дека сме поквалитетни од нив и ако бидеме фокусирани како на првиот натпревар, мислам дека нема да имаме проблеми и на оваа средба. Доста се брзи напред, денес нема слаба екипа. Видовте Борац прими четири гола од тим од Андора, така што нема опуштање. Имаме голема предност и четврток ќе ја потврдиме“, рече Матиќ.

Вардар има доволно време за аклиматизација бидејќи натпреварот се игра в четврток во 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×