Вардар има два од два на стартот од новата сезона откако попладнево славеше на гостувањето кај Тиквеш, сличен успех забележа и Струга откако триумфираше против Арсими.
Второто коло во ПМФЛ почна со две победи на гостите и тоа со идентични 1-2.
Вардар има два од два на стартот од новата сезона откако попладнево славеше на гостувањето кај Тиквеш.
Матиќ и Мато донесоа победа, кобни беа два прекини во кој во главна улога се најде токму хрватскиот дефанзивец.
На стартот од вториот дел, тој одлично скокна по еден корнер од левата страна и со глава ја затресе мрежата за 0-1.
Во 68. минута, се изведе корнер од десната страна, Матиќ со глава ја погоди стативата, а прв до одбиената топка стигна Мато за 0-2.
До крајот на натпреварот, Тиквеш само го ублажи поразот и во судиското надополнување ги поставија конечните 1-2.
Слично како и Вардар, и Струга има два од два на стартот од новата сезона, денеска со пресврт во второто полувреме триумфираше на гостувањето кај Арсими за шест бода на своето конто.