Матиќ: Голот беше убав, но не е мојот најубав (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Немања Матиќ постигна прекрасен гол од далечина во победата на Челси над Тотенхем од 4-2.

„Ова беше многу убав гол. Но повеќе сум среќен за победата бидејќи влеговме во финалето на ФА Купот“ – вели Немања Матиќ.

„Дуелот беше многу тежок против силна екипа. Честитки за Тотенхем кој во ниту еден момент не се предаде. Среќен сум за мојот гол, но тоа не е најубавиот во мојата кариера“.

„Постигнав еден уште помоќен во дербито помеѓу Бенфика и Порто. Против Тотенхем е можеби мојот втор најубав гол“.


Голот на Матиќ против Тотенхем:

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани