Матета пред преселба во Серија А, ги договори личните услови

by Стефан
1 минути читање

Францускиот напаѓач Жан-Филип Матета ги договори сите лични услови со Јувентус и сега го чека исходот од преговорите меѓу двата клуба.

Италијанските медиуми откриваат дека Матета ја прифатил понудата на Јувентус според која ќе заработува четири милиони евра годишно, но сега останува потешкиот дел, Кристал Палас да се согласи да го пушти францускиот напаѓач уште во овој зимски преоден рок.

Наводно, Палас бара 35 милиони евра плус бонуси, додека Јувентус нуди опција позајмица до лето со задолжителен откуп од 28 до 30 милиони евра, предлог кој клубот од Лондон веќе го одбил.

Матета врши притисок врз Палас, кој на крајот нема да има многу избор, слично како во случајот со Марк Гуехи, кој на крајот беше пуштен во Манчестер сити за 20 милиони фунти. Французинот има договор до летото 2027 година и веќе во јуни ќе влезе во последната сезона од договорот, па јасно е дека Палас нема многу време, ако фудбалерот сака да замине.

Лондонскиот клуб за Матета плати само 11 милиони евра во 2022 година, кога го донесе од Мајнц, што значи дека и ваков би бил одличен бизнис потег за англискиот клуб. Матета во меѓувреме стигна и до репрезентацијата на Франција иако е на прагот на 29 години, запиша три настапи и постигна два гола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×