Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Манчестер јунајтед летоска ќе пристигне за ангажман на Жан Филип Матета од Кристал Палас.
Жан Филип Матета во јануари требаше да се пресели во Милан, но зделката пропадна во последен миг, напаѓачот не ги помина лекарските прегледи.
Но како што пренесува Мирор, Французинот нема да жали многу по „росонерите“, летоска ќе направи голем трансфер.
Весникот вели дека Манчестер јунајтед подолго време го има Матета во својот бележник и летоска ќе притиснат за негов ангажман.
„Ѓаволите“ веруваат дека ќе успеат да го ангажираат напаѓачот за пониска сума со оглед на тоа дека Матета ќе влезе во последната година од договорот, плус Кристал Палас веќе обезбедија замена во името на Јорген Странд Ларсен.