Златан
Ибрахимовиќ во интервју за магазинот „Џеј Кју“ раскажа како чекал четири години
за да му се одмазди на Марко Матераци за еден опасен старт, и со Таеквондо
потег го пратил дефанзивецот во болница.
Популарниот
Матрикс не чекаше многу и брзо му одговори на Швеѓанецот потсетувајќи го на
болната одлукада го напушти клубот во годината кога беше освоена историската
тројна круна.
„Дојдов…Видов…Победив“
– го започна постот Матераци во стилот на Златан. „Во секој случај, ти
благодарам Ибрахимовиќ. Без тебе никогаш немаше да ја освоиме Лигата на
шампионите“.
Пред почетокот на
сезоната 2009/10, Златан Ибрахимовиќ изрази желба да го напушти Интер и да се
пресели во Барселона за да има подобри шанси за триумф во Лигата на шампионите.
„Нероаѕурите“ му ја исполнија желбата, за возврат го добија Самуел Ето и голема
сума на пари која беше искористена за составување тим кој таа сезона испиша
историја и донесе титула во Купот на Италија, Серија А и Лигата на шампионите.