Првичните информации велеа дека Мата поради повреда ќе го пропушти остатокот од сезоната. А по него сериозни повреди заработија и Златан Ибрахимовиќ и Маркос Рохо.
Но, последната изјава на Хуан Мата влева оптимизам кај фановите на Манчестер јунајтед дека Шпанецот сепак може да се врати пред крајот на сезоната и да ги одигра последните натпревари.
„Како што можете да замислите, овој месец беше предлог за мене поради мојата повреда. Никогаш не сум бил во ваква ситуација претходно (имав голема среќа), но вистината е дека се чувствувам многу подобро сега и се надевам дека наскоро ќе се вратам во тимот за да му помогнам во последниот дел од сезоната“ – пишува Мата на својот блог.
„Се надевам дека ќе биде така бидејќи се што сакам е секогаш да бидам подготвен да му помогнам на тимот и да дадам допринос колку што можам на теренот и надвор од него“.
„Милион благодарам за вашите пораки за брзо опоравување, блиску сум до тоа“.