Ињиго Мартинез го прокоментира изненадувачкиот потег да ја напушти Барселона и да се пресели во Ал Наср, вели дека не можел да каже НЕ на сумата која ја добил од Саудиска Арабија.
Ињиго Мартинез минатата сезона беше еден од најстандардните првотимци на Барселона, а тренерот Ханси Флик сега го планираше за еден од капитените.
Сепак, на две недели пред почетокот на новата сезона, дефанзивецот на големо изненадување беспари ги напушти „каталонците“ и прифати трансфер во Ал Наср.
Одредени шпекулации велат дека тој ќе заработува и до 20 милиони евра годишно во Саудиска Аабија, пари кои тешко се одбиваат.
„Разговарав со Флик, бев искрен со него и знаев дека ќе ме разбере со оглед на тоа што имам 34 години и уште 12 месеци од договорот. Овој воз доаѓа ретко, и тешко е да кажете НЕ. Флик беше прилично изненаден, но му стана јасно по само 2 минути“ – вели Ињиго Мартинез.
„Кога ја видов понудата, не ми се веруваше… Никој не е подготвен на вакви суми, или барем јас не сум подготвен“.
„Отсекогаш сум бил обичен фудбалер, напредува со помош на напорна работа и пот, па кога ќе добиете ваков договор, ве погодува многу, особено вашето семејство“.