Мартинез: Не бараме совршенство, туку победи

by
1 минути читање

Белгија добро се
помачи за да ја елиминира незгодната Јапонија во осминафиналето од Светското
првенство во Русија, Јапонците имаа водство од 0-2, на крајот го прокоцкаа, па
со гол во 94. минута Белгија триумфираше со 3-2, а нивен следен противник, во
четвртфиналето е Бразил.

Селекторот на
Белгијците, Роберто Мартинез упати честитки до Јапонија, за која смета дека
одиграла солиден меч, додаде дека неговиот тим се соочил со тест на карактерот,
а истиот го положил.

Му честитам на
тимот на Јапонија, одигра солиден натпревар, не намачи и беше одличен во
контрите. Нашата екипа се најде на тест по карактерот, успеа да го положи. Ја
видовме реакцијата на фудбалерите кои влегоа од клупата, покажавме победнички
менталитет
“ рече Мартинез алудирајќи и на фактот што Фелаини и Шадли влегоа од клупата за резервни фудбалери, а обајцата погодија, за 2-2, односно 3-2.

Белгија засега на
турнирот одигра само еден голем меч, и тоа против Англија кој го доби минимално
со 0-1, многумина истиот натпревар го гледаа како „желба за пораз на обете
страни“, поради калкулациите и патот до подалечната фаза на Мундијалот, но
Мартинез вели дека не бара совршенство, туку победи.

Беше важно само
да отидеме во четвртфиналето, тоа и го сторивме, не бараме совршенство, туку
победи
“ додаде селекторот на Белгија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани