Белгија имаше одлично Светско првенство, самиот пласман во полуфиналето е голем успех, но секако дека тие се разочарани по денешниот пораз од Франција.
„Ова беше многу изедначен меч, немаше многу големи моменти кои можеа да го одлучат натпреварот. Разликата меѓу поразот и победата беше една ситуација, така беше одлучен овој натпревар“, вели Мартинез.
„Големи заслуги за победата има дефанзивата на Франција, дури и нивните напаѓачи одлично се бранеа. Не можевме да најдеме простор за мала магија пред голот, немавме среќа во одредени ситуации“.
„Но, горд сум на моите фудбалери, загубивме со многу пот, дадовме се од себе, се боревме до последната секунда. Треба да го прифатиме тоа, честитки за Франција и многу среќа во финалето“.