Мартинез: Горд сум, на фудбалерите им дадов многу тешка тактичка задача, ја решија

by
1 минути читање

Белгија го елиминираше Бразил победувајќи го со 2-1, Белгијците особено беа импресивни во првото полувреме кога ги дадоа двата гола.

За овој меч селекторот Мартинез сковал посебна тактиката иако било ризик да го направи тоа, но фудбалерите одговорил фантастично на задачата.

„Кога играте против Бразил, мислам дека треба тактички да го победите. Против нив имате психолошка бариера – жолти трупи, пет пати шампиони на светот и се што оди со тоа. Па ние требаше да бидеме тактички храбри“, вели Мартинез.

„Беше голема коцка да ги промениме работите и беше потребно фудбалерите да веруваат во тоа. Денеска не беше важна тактиката, туку како ќе се спроведе таа. Јас сум најгордиот човек на светот бидејќи на фудбалерите им дадов многу тешка тактичка задача и начинот на кој тие веруваа во неа до последната секунда од мечот беше неверојатно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани