Марсијал стави потпис на нов договор со Манчестер јунајтед и веднаш го „пецна“ Мурињо

by
1 минути читање

Најтрофејниот
клуб од Англија успеа да ја осигура долгорочната иднина на Антони Марсијал.
Двете страни подолго време беа во преговори за продолжување на соработката, но проблем
беше лошиот однос помеѓу Французинот и Жозе Мурињо.

Минатото лето се
говореше дека „Специјалниот“ е подготвен да се раздели со играчот доколку
пристигне добра понуда, а и самиот Антони Марсијал немаше ништо против да
замине.

Сега кога го нема
Жозе Мурињо во сликата, офанзвниот фудбалер реши да стави потпис на нов договор и се
обврза кон „ѓаволите“ до јуни 2024 година, со опција за уште додатни 12 месеци.
Па Антони Марсијал ја искористи оваа прилика и за да упати ситна провокација до
Португалецот.

„Би сакал да му
се заблагодарам на Оле и неговиот тренерски персонал за вербата која ја имаат
во мене и за тоа што ми помогнаа да забележам прогрес и да почнам да играм на
едно скалило погоре
“ – рече Французинот, кој соработува само еден месец со
Норвежанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×