Марсијал се „пофали“ на социјалните мрежи за последиците од ударот во стативата (ФОТО)

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед влезе во ритам, а мини реконструкцијата на тимот веќе почна на големо
да дава резултати, особено по доаѓањето на Бруно Фернандеш кој се покажа како
огромно засилување за „Црвените ѓаволи“.

Составот од „Олд
Трафорд“ вчера славеше во дербито пред своја публика против градскиот ривал
Манчестер Сити совладувајќи го со 2-0, и тоа со погодоците на Марсијал и
МекТоминеј, а со тоа избраниците на Оле Гунар Солшер ја запишаа седмата победа
во последните десет меча во сите конкуренции, притоа имаат и три ремија.

Често критикуван,
меѓутоа фудбалер кој многу добро знае како да се снајде во исклучително тешки
ситуации, така беше и вчера, па Ентони Марсијал реагираше одлично по
интелигентната асистенција на Фернандеш, па со полуволеј го совлада Едерсон.

Меѓутоа,
францускиот напаѓач имаше и еден несреќен момент на дербито кое можеше да му
донесе повреда од посериозен карактер, откако во второто полувреме се „судри“ во
стативата по пресингот врз противничкиот голман.

Самиот Марсијал
се „пофали“ на социјалните мрежи за последиците од таа ситуација, по што одигра
78 минути на дербито.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×