Марсијал сака да си замине од Манчестер јунајтед, два клуба се посебно заинтересирани за него

by
1 минути читање

Марсејал нема минутажа во Манчестер јунајтед каква што посакува, поради тоа не е ни дел од Светското првенство кое започнува денес. Фудбалерот сака да си замине од Олд Трафорд, тоа го потврди и неговиот агент.

„Откако размисливме за сите можности и сценарија, Ентони сака да си замине од Манчестер јунајтед“, изјави неговиот агент Ламболеј.

„Има многу сценарија. Ентони понатаму ќе објасни се. Манчестер јунајтед сака да го продолжи договорот со него, не сака тој да замине, но не можеме да најдеме договор во изминатите неколку месеци“.

Тотенхем е последниот тим со кој се поврзува Марсијал, што значи дека францускиот играч има опција да остане во Премиерлигата доколку тоа е негова желба.

Вториот тим со кој веќе од поодамна се поврзува е Јувентус, каде се зборува дека е опција особено ако си замине Игуаин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×