Марсијал му донесе голем триумф на Манчестер јунајтед над Тотенхем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По ремито со Ливерпул и поразот од Хадерсфилд, Манчестер јунајтед им се врати на победите и тоа во дерби дуел со Тотенхем.

Спарси на овој меч настапија без својот прв играч, Хари Кејн и тоа се одрази на резултатот.

Натпреварот не изобудлуваше со шанси. Најзрелата можност пред погодокот ја имаше Ромелу Лукаку кој во 79. минута ја погоди стативата при шут со глава.

Две минути подоцна, дегажман на Де Геа, топката со глава ја префрли Лукаку до Марсијал кој постигна гол за голема радост на Олд Трафорд и победа од 1-0.

Триумфот можеше да биде и поголем, доколку Лингард кој излезе сам пред Лорис при крајот биеше прецизно.

Минимална победа но големи три бода за Манчестер јунајтед со кои ја продолжуваат битката за титулата во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×