Марсијал може да си замине од Манчестер јунајтед само под еден услов

by
0 минути читање

Неколку големи клубови се заинтересирани за ангажман на Ентони Марсијал кој ретко е во стартниот тим на Жозе Мурињо.

Но „Мирор“ пишува дека Манчестер јунајтед ќе му дозволи на Марсијал да си оди само ако успеат да го ангажираат Иван Перишиќ од Интер.

Жозе Мурињо е фан на играта на хрватскиот фудбалер кој има карактеристики за крилен играч какви што сака Португалецот.

Ако раководството на Манчестер јунајтед успее да постигне договор со Интер и да го обезбеди потписот на Перишиќ, Марсијал ќе има зелено светло да го напушти Олд Трафорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×