Марсијал испрати порака до Мурињо и Јунајтед: Моето семејство секогаш ќе биде на прво место!

by
1 минути читање

Минатата среда
Французинот ја напушти турнеата во САД на „Ѓаволите“ за да се врати во Париз и
да биде покрај својата девојка при породувањето.

Жозе Мурињо не
беше премногу импресиониран од ваквиот потег, а фрустрациите дополнително
пораснаа бидејќи Антони Марсијал не се врати на должност откако на свет пристигна
неговиот син Свон.

Денеска се
појавија гласини дека „Ѓаволите“ парично ќе го казнат играчот со 180.000 фунти поради
тоа што веќе неколку дена не само што не тренира туки и му нема трага и
глас.

По ваквите стории
вечерва се огласи самиот Антони Марсијал кој на Твитер напиша: „Ви благодарам
на сите за вашите пораки. Малиот Свон е добар, на мајката и беше потешко но благодарејќи
на Бог и таа сега е подобра. Извинете, но моето семејсво секогаш е на прво
место. Утре се враќам во Манчестер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×