154
Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за левиот бек на Ајакс, Никола Таљифико, тој треба да биде замената за Марсело кој ќе оди во Јувентус.
Ваквата информација ја потврди агентот на Таљифико, Рикардо Шлипер.
„Се вели дека името на Таљифико е на листата на Реал Мадрид бидејќи Марсело ќе оди во Јувентус“, вели агентот Рикардо Шлипер.
„Се уште никој не ме контактирал, но има интерес и од други клубови. Тој има уште две години од неговиот договор и нема откупна клаузула, но Ајакс има одредено минимум сума за европските клубови“.
„Кои клубови се интересираат? Се што можам да кажам е дека покрај нив има голем шпански клуб. Мислам дека сега е вистинско време за Таљифико да направи трансфер“.