Марсело се огласи по гласините дека ќе му се придружи на Роналдо во Јувентус

by
1 минути читање

По изненадувачкиот трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус, почнаа да кружат гласини дека Марсело би можел да му се приклучи на својот добар пријател во Торино.

Ова лето не се реализираше еден ваков трансфер, но уште сега се најавува дека Бразилецот во јануари може да го облече дресот на „Бјанконерите“.

Самиот Марсело сега ги прокоментира шпекулациите, и во интервју за ТВ каналот на Реал Мадрид рече: „Среќен сум во Реал Мадрид, луѓето кои ме познаваат знаат дека ова е мојот дом. Имам уште многу години од договорот, среќен сум тука, за мене ова е најдобриот клуб во светот“.

„Секоја година има шпекулации, на социјалните мрежи се пишуваат многу глупости, се измислуваат работи. Јас само можам да кажам дека сум возбуден и имам желба за докажување како 18 годишно момче, како Винисиус. Останувам во Реал до крајот на кариерата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×