188
Реал Мадрид се „загреваше“
за големото финале од Лигата на шампионите каде идниот викенд ќе ги одмери
силите со Ливерпул, синоќа со 6-0 го торпедираше тимот на Селта пред своја
публика во мечот од шпанската Примера, меч без никакво резултатско значење ниту
за едните, ниту за другите.
Марсело не се
запиша во листата на стрелците кај домашниот табор, но еден негов потег, кој
веќе стана пракса повторно ја воодушеви фудбалската јавноста, откако Бразилецот
уште еднаш докажа дека можеби е најдобриот фудбалер во однос на овој дел од
играта, односно, првиот допир со топката кога истата ја смирува а доаѓа од
висина.