Марсело одбил да дува во алкотестер, си платил казна и останал без возачка дозвола

by
0 минути читање

Марсело одморот го поминува во Рио де Жанеиро откако селекторот на Бразил, Тите одлучи да не го повика во репрезентацијата на Копа Америка.

Тој на социјалните мрежи често постира моменти од одморот, како со својот син се забавува на плажите играјќи фудбал.

Но, во понеделникот ноќта доживеал непријатен момент. На улиците во Рио бил стопиран од полиција и му било дадено да дува во алкотестер, но според „О Глобо“ тој одбил, си ја платил казната од околу 675 евра и му била одземена возачката дозвола на една година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани