143
Бразил и Хрватска на Енфилд играа пријателски натпревар, па многу играчи од двете репрезентации се и добри пријатели бидејќи настапуваат во исти клубови.
На социјалните мрежи излезе видео како Марсело, Модриќ и Ковачиќ се смејат до логото на Ливерпул и тоа беше сфатено како провокација од играчите на Реал Мадрид но не е така.
Во ходникот на Енфилд каде доминира логото на Ливерпул многу од фудбалерите се поздравуваа. Марсело, Модриќ и Ковачиќ го видоа Касемиро како доаѓа кон нив и со насмевка го проследија по што се поздравија. Никој од нив не обрна внимание на логото на Ливерпул.
Ситуацијата можете да ја проследите при крајот на видеото.