Марсело Брозовиќ е желба за крај на преодниот рок на Мурињо!

by 24 фудбал
1 минути читање

Марсело Брозовиќ би можел да го напушти Ал Наср, пренесува турскиот „Фотоспор“. Како можна следна дестинација за Брозовиќ се споменува Фенербахче, каде што настапува неговиот сонародник Доминик Ливаковиќ, а на клупата седи Жозе Мурињо, кој наводно инсистира на негов ангажман.

Поранешниот хрватски репрезентативец во 2023 година го напушти Интер за 15 милиони евра и потпиша за Ал Наср, откако беше еден од најдобрите играчи за врска во Серија А. Според информациите неговата годишна плата изнесува 24,2 милиони евра.

Во последните две сезони одигра 84 натпревари за Ал Наср, постигна седум голови и запиша 18 асистенции.

Иако претходно беше поврзуван и со други клубови од Саудиска Арабија, како Ал Шабаб и Ал Хилал, Брозовиќ сè уште е дел од Ал Наср, со кој има договор до летото 2026 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×