Марсеј врза две победи, по триумфот во дербито со пресврт го доби Стразбур (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Марсеј врзаа втора победа во низа откако по триумфо над ПСЖ во минатото коло, вечерва славеа и на гостувањето кај Стразбур со пресврт (2-1).

Домашниот тим, кој одлично ја започна сезоната постигна гол во 17. минута кога Емења ја затресе мрежата на Марсеј, но тој погодок беше поништен поради офсајд, па на паузата се замина без голови.

Само што почна второто полувреме, Стразбур поведе преку Куатара во 49. минута. Сепак, предноста траеше до финишот, кога гостите направија целосен пресврт. Прво Пјер-Емерик Обамејанг во 78. минута израмни на 1-1, а во судиското продолжение Муриљо стрелаше за целосен пресврт.

Со овој триумф, тимот од „Велодром“ стигна до 12 бодови и барем привремено до утрешните натпревари се искачи на врвот на табелата во француското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×