Олимпик Марсеј не успеа да дојде до планираните три бода и одигра 2-2 на гостувањето кај Париз во рамките на 20. коло од француската Лига 1.
Гостите имаа идеален почеток и стекнаа предност од два гола, откако во стрелците се запишаа Мејсон Гринвуд и Пјер-Емерик Обамејанг. Сепак, и покрај водството од 0-2, Марсеј не успеа да го приведе натпреварот до победа, бидејќи домашниот тим со силен финиш избори реми пред својата публика.
Марсеј до головите стигна во 18. и 53. минута, додека екипата на Париз возврати со погодоците на Иконе и Кебал во самиот финиш, во 82. и 94. минута, за конечни 2-2.
Со овој резултат, Олимпик Марсеј стигна до 39 бодови и останува на третото место на табелата, додека Париз со освоени 21 бод се наоѓа на 13. позиција во француската Лига 1.