Марсеј е многу блиску до потпис со Мејсон Гринвуд од Манчестер јунајтед, но ова не им се допаѓа на навивачите кои се противат на ваквиот трансфер и започнаа кампања на социјалните мрежи.
Марсеј и Манчестер јунајтед се во напредни преговори за трансфер на Мејсон Гринвуд вреден 25 милиони евра, плус бонуси.
Со вакви бројки, Англичанецот ќе стане едно од најскапите засилувања на клубот од „Велодром“.
Но ваквиот развој на настаните не им се допаѓа на навивачите, кои се противат на зделката и започнаа кампања на социјалните мрежи, каде го споделуваат хаштахот #GreenwoodNotWelcome (Гринвуд не е добредојден).
Проблем е приватниот живот на Мејсон Гринвуд и обвинувањата за семејно насилство и обид за силување на својата девоја, кои подоцна беа повлечени поради немање доволно докази, но напаѓачот остана виновен во очите на јавноста.
Ова беше и едно од прашањата кои ги доби Роберт Де Зерби на средбата со новинарите.
„Се уште не сме го ангажирале, па немам што да ви кажам. Можам само да речам дека Гринвуд е играч од светска класа. Не знам што се случило, не се фокусирам на неговиот приватен живот. Кога некој играч ќе потпише за мојот клуб, го сметам за мое дете. Можеби приватно и ќе му ги истегнам ушите, но јавно секогаш ќе го бранам. Моите играчи ги третирам како мои деца“ – рече Де Зерби, кој денеска беше промовиран како нов тренер на Марсеј.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.