Марсеј го избрка Рабио, а првиот човек на клубот вели: Досега немаме видено нешто вакво!

by riste
1 минути читање

Олимпик Марсеј на продажба ги стави Адриен Рабио и Џонатан Роу по инцидент во соблекувалната кој се случи по поразот од Рен во француското првенство.

Двајцата соиграчи брутално се испотепале во соблекувалната по овој натпревар кој Марсеј го загуби со 1-0.

Инцидентот бил дотолку голем што раководството на клубот решило да ги отстрани двајцата од тимот и да ги стави на продажба.

„Се работи за екстремно сериозен и насилен случај, моравме да донесеме радикална одлука. Ова ги надмина сите граници и моравме да донесеме одлука. Роберто Де Зерби е профасионален тренер 13 години, Мехди Бенатија е дел од елитниот фудбал 22 години, а јас сум во фудбалот 20 години. Сите тројца имаме доволно искуство и кога велиме дека вакво нешто досега немаме видено, тогаш тоа навистина е така“, рече претседателот на клуб, Пабло Лонгорија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×