Бепе Марота тврди
дека Челси не бил ниту подготвен да преговара со Интер околу потенцијалниот
трансфер на искусниот француски напаѓач Оливие Жиру во тимот на „Нероаѕурите“,
меѓутоа додава дека приоритетите кои биле поставени во Милано се исполнети за
јануарскиот преоден рок.
Интер викендов
стартуваше со Кристиан Ериксен, Виктор Моузес и Ешли Јанг во победата над
Удинезе во „Серија А“, а извршниот директор на „Нероаѕурите“ вели дека постои
задоволство во клубот поради успешниот јануарски преоден рок, меѓутоа додаде и
каква била ситуацијата со Жиру, кој исто така беше желба за италијанскиот
прволигаш.
„Ние сме
задоволни од исходот во јануарскиот преоден рок, сакавме да внесеме еден развој
во тимот, а воедно тоа и го постинавме“ вели Марота во изјавата за „Скај Спорт
Италија“.
„Јануарскиот
преоден рок ви нуди неколку прилики кои едноставно морате да ги искористите,
внесовме од една страна квалитет во тимот, а од друга и дополнително искуство
за да имаме повеќе опции во составот“ додава тој, по што беше запрашан и за
Жиру, чиј договор со Челси истекува на лето.
„Постоеа некои
приоритети, тоа се фудбалерите кои воедно ги ангажиравме, така бевме целосно
задоволни, меѓутоа имавме и друга желба, тоа беше токму Жиру, меѓутоа Челси не
беше подготвен ниту да преговара со нас“ открива Марота.
Одредени медиуми во текот на јануарскиот
преоден рок известија дека конечниот збор во случајот со Жиру го има првиот
човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, а се работи за Дрис Мертенс кој беше
желба на Челси.
Лацио се договорил за трансфер на Жиру, а последниот збор го има Де Лаурентис?
Интересна е ситуацијата
по оваа тема, договорот на Мертенс исто како и Жиру истекува на лето, францускиот напаѓач се поврзуваше и со трансфер во Лацио, а наводно
во Челси не сакале да ризикуваат да го пуштат Жиру без притоа да го
обезбедат потписот на Мертенс, меѓутоа, од друга страна пак, сигурно во Наполи
не посакувале да го „засилат“ составот на ривалот Интер, ниту пак Лацио со Жиру.